„Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи и како ја здобил“ – истакнува владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.
Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ наведува: Деновите поминуваат но од СДС и Венко Филипче молк. Нема одговор, иако изминатите неколку дена ги прашуваме да одговорат: дали по примерот на Зоран Заев и неговиот чувар на партиското претседателско столче и Венко Филипче поседува златна виза за Дубаи? Или е молчењето на СДС и на Филипче потврда за овие дилеми? Јавно познато е дека човек со таков документ, созлатна виза може се стекне преку инвестиција, која достигнува неколку милиони евра.
Колку милиони Венко Филипче однесе во Дубаи, за да ја здобие таа златна виза исто како и неговиот водач Заев, кој гради висококатница таму? Имајќи предвид дека Филипче е поранешен министер за здравство и тоа во времето на ковид-кризата, дали во Дубаи го однесол ќарот од кризата, која тој ја претворил во можност за негова финансиска придобивка, како и од криминалот направен во тоа време?
Наместо да молчи СДС има обврска на јавноста да ѝ даде на јавноста прецизни одговори дали и Венко Филипче има златна виза за Дубаи и како ја добил? Македонската јавност очекува и заслужува јасни и конкретни одговори. СДС е истозначник за неспособност, криминал и предавства.





