„Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат.
Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата. Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна. Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност, истакнуваат од владејачката партија.
Правда мора да има“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пандов за запалената куќа: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат, никој не е над законот!






