„Треба да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица!“ – се нагласува во соопштението на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.
Натаму, ВМРО ДПМНЕ истакнува: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да им да се прочешла имотот кој го стекнале, има судии кои живеат како шеици. Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во државата. Со чиновничка плата на грбот на граѓаните стигале до имот како блискоисточни шеици. Судството и обвинителството наместо да се бори против криминалот, реши да служи на неправдите и криминалот. И време е да се стави крај.
Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии, кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица.
Сијамските близнаци, како што се судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист имаа од политичките процеси, кои ги водеа. Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија станаа око на криминалот во државата.
Треба да се повика на одговорност и Љупчо Коцевски, кој мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал. Жално е што СДС и ДУИ не најдоа за сходно да ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата.
Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал.
Одговорност мора да има!





