ВМРО – ДПМНЕ го возвраќа ударот, Јанева ќе добие кривична пријава

Доколку не ги уништи материјалите прибрани со прислушување кои што и ги предаде лидерот на СДСМ Зоран Заев, првиот човек на Специјалното Јавно Обвинителство ќе се соочи со кривично гонење, се закани ВМРО – ДПМНЕ.



Според Дарко Костовски од оваа партија ниту Катица Јанев не е над  законот кој вели дека сите материјали мораат да бидат уништени затоа што истекол рокот во кој што може да се поднесуваат обвиненија.

Според опозицијата, членот 22 од законот за Специјалното Обвинителство вели дека Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство, може да покрене кривични пријави или да даде наредба за прекинување на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци, од денот на добивање на предметите и преслушаните  материјали  под негови ингеренции.

Согласно тој член ВМРО -ДПМНЕ смета дека треба да прекинат сите процесни постапки во врска со прислушуваните разговори  во спротивно Јанева ќе добие кривична пријава.

На 24 часа пред истекот на рокот од 18 месеци Катица Јанева и СЈО поднесе 17 обвиненија против членовите на поширокото раководство на партијата и нивни соработници. Судот не прифати ниту едно барање за притвор против обвинетите туку  им ги одзема патните исправи и им забрани да излегуваат од Македонија.