СДСМ нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби, а додека беше на власт во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ..
„На чело на АНБ го поставија партискиот кадар Виктор Димовски, кој беше партиски функционер на СДС. Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии.
Во АР СДС го постави Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата. Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС.
Да потсетиме – велат од ВМРО-ДПМНЕ, дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.
За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци.
Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата.
Бојан Христовски е лице кое како професионалец бил подлежен на хајка и мобинг од партиските кадри на СДС, исто како и сите останати професионалци во службите.
Времето на шиканирање на професионалците во безбедносните служби заврши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.