Универзитетскиот професор во интервју за Радио Слободна Европа изјви дека нема да има национален консензус за спорот за името.
Љубомир Фрчкоски смета дека за решението за проблемот со името ќе биде одговорна политичката елита.
„Политичката желба околу консензусот е разбирлива, таа секој политичар ја посакува за вакви прашања и се обидува да ја промовира. Решението ќе биде одржливо, такво да не задира во националното достоинство и идентитет и за тоа ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа така секогаш било, во секое општество донесено за вака клучни прашања.
И во таа смисла ќе биде апсорбирано, јас мислам дека по месец-два тоа прашање ќе престане да биде тема воопшто“ вели Фрчковски.
На прашањето дали граѓаните би се изјасниле за промена на името на референдум, Фрчковски со кус одговор: Па, јас мислам да.
Целото интервју за Радио Слободна Европа може да го погледнете тука




