Власта во заминување одлучи да поскапи струјата?!

Владата во заминување донесе одлука на седница зад затворени врати цената на струјата да поскапе за 5 проценти, а ЕСМ да ја продава струјата за 60 наместо за досегашните 57 евра за мегават час?! Извори блиски до новата власт за Сител најавуваат дека новата влада ќе го штити стандардот на граѓаните и нема да дозволи поскапување на струјата. Новата влада ќе има и посебно министерство за енергетика кое најавува ревизија на работењето на ЕСМ и на РЕК Битола.



Истражувањата, како што објави Сител, покажуваат дека две третини од македонските граѓани се во енергетска сиромаштија и бараат секаков начин да заштедат на струја. Поради тоа, мандатарот Мицкоски најави дека ќе ја укине давачката од 200 денари за пристап до мрежата за напојување со електрична енергија.  

Сања Божиновска, чие име се врзува за Министерството за енергетика кое ќе го воведе идниот премиер Мицкоски, како што објави ТВ Сител, вели дека нема да се дозволи поскапување на струата. Таа најави и ревизија на работењето на ЕСМ и РЕК Битола.

Зошто владата донела одлука зад затворени врати за зголемување на цената за 5% што ЕСМ ќе му ја продава на ЕВН хоум,  врз која основа  и со кои аргументи го правда скокот од сегашните 57 на 60 евра за  мегават час?“, вели Божиновска.

На 20 јуни е закажана аукцијата на тендерот за набавка на струја за домаќинставата, а потоа Регулторна ќе донесе одлука.

Имајќи предвид дека поскапувањето ќе ги погоди оние што немаат пари и ја штедат струјата за да добиваат сметки со пониски суми, од Регулаторната комисија најавија дека ќе се направи анализа со цел, доколку е можно, евтината тарифа да се продолжи за уште еден час.

Најголемо учество во крајната цената на струјата што ја плаќаат домаќинствата отпаѓа на државната ЕСМ, потоа на Електродистрибуција која е фирма на ЕВН. Унивезразлниот снабдувач, ЕВН Хоме учествува со 9,9 отсто, а најмал удел има МЕПСО со 4 отсто. Покрај ова во крајната цена влегуваат и маржата на енергетските компании, трошокот за обновливи извори, за балансираната енергија, за увозот од слободен пазар.