Панмакедонската асоцијација на Нов Јужен Велс, околу која гравитира грчката дијаспора од тој дел на Австралија, на својата страница на Фејсбук објави карта на Грција што ја вклучува и територијата на Република Македонија, покрај цел Кипар заедно со турскиот дел?!



Над картата стои натпис „Македонија е грчка и Грција!!“, но во влажните соништа на Грците од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс ги нема Пиринска Македонија од Бугарија и парчето македонска територија во Албанија…