По предлогот на екс министерот Бујар Османи за уставни измени сега, но со клаузула на тие да престанат да важат ако Бугарија има уште некое барање на патот на Македонија кон ЕУ, ексресна реакција стигна од Владата.
Османи предлага „пиши-бриши“ Бугари во Уставот
„Ја слушнавме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата, кој со години беше на таа позиција, и најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема.
Се сомневаме во искреноста на нивните намери при давање на предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање.“, рече Марија Митева, потрпаролка на Владата.






