Владата потпиша франшиза на Тиквеш Инвест со „ Холидеј ИН“ во Кавадарци

Премиерот Мицкоски денеска во Кавадарци присуствуваше на потпишување на договорот за франшиза со „Holiday Inn”. Оваа франшиза ќе придонесе развој на регионот, нови вработувања и раст на економијата .



  • Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, присуствувавме на церемонија по повод потпишување на договор за франшиза на Тиквеш инвест со хотелот Холидеј Ин, односно групацијата „IHG Hotels & Resorts”, во Кавадарци.

Ефектите се огромни за економијата, да се има ваков светски бренд е чест, станува збор за градба којашто ќе го развие целиот регион. Нови вработувања и повисока економија. Како Влада имаме цел да поддржиме што е можно повеќе вакви инвестиции, напиша Мицкоски.