Правилник за заштита и здравје при работа на бремени жени и жени кои дојат е единствената од 19 иницијативи кои Стопанската комора на Македонија ги доставила до владата во периодот од јуни до декември минатата година.
Само споменатата е целосно реализирана и спроведена во пракса, пишува Алсат М.
Иницијативата за укинување на временското ограничување на продажбата на алкохолни пијалоци и намалување на цената на лиценците за оваа намена, одредени даночни измени, измени на законите за нотаријат, за извршување, за градење и низа други кои треба да го олеснат работењето на фирмите се меѓу другите.
Бизнисмените и во Комората, засега, не сакаат да го коментирааат издавањето на евро-обврзницата тешка половина милијарда евра, пишува Алсат, но, најавувале дека будно ќе следат како се трошат околу 400 милиони евра предвидени за капитални инвестиции во 2018 година.





