Владата на Словенија на денешната седница ќе расправа за признавањето на Палестина и својата одлука ќе ја проследи до парлементот кој се очекува да ја одобри следната недела.



Со тоа ќе се заокружи процесот на словенечко признавање на палестинската држава.

Владата на 9 мај покрена постапка за признавање на државата Палестина.

Според премиерот Роберт Голоб, признавањето е само првиот чекор во потрагата по долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт, а Словенија, како одговорна членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, е должна да направи се за да се воспостави траен мир на Блискиот Исток.

Шпанија, Ирска и Норвешка ја признаа Палестина во вторникот.

Притоа, тие се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава, што го налути Израел.