„Ципрас, Каменос и Коѕиас мора веднаш да им кажат на граѓаните какви се нивните црвени линии за да му овозможат на Скопје да влезе во НАТО и во Европската унија“, изјави денеска министерот во сенка за надворешни работи на Неа демократија (НД) Јоргос Кумуцакос.
Тој рече дека „Премиерот и министерот за надворешни работи на Скопје јасно ги наведоа своите црвени линии и нема да преговараат ниту за промена на нивниот Устав, ниту за нивната таканаречена македонска националност“.
Кумуцакос смета дека „Со други зборови, тие ги менуваат имињата на нивните патишта, но не и нивните позиции“. Прашањето е што прави грчката влада, рече тој.





