„ВизЕр“ нема да лета од Скопје за Будимпешта

Унгарската авиокомпанија „ВизЕр“, која опслужува речиси 60% од дестинациите од Скопскиот аеродром најави дека од 9 март нема да лета од Скопје за Будимпешта.



Авиокомпанијата од неодамна не продава билети за оваа дестинација, но официјално не ги соопшти причините за тоа, дознава Плусинфо.

Авиокомпанијата од почетокот на годинава ги укина летовите за Бремен – Салцбург, Келн, Копенхаген, Стокхолм – Скавста и за Луксембург.

По воведувањето на новите правила за субвенционирање на авиолинии од страна на владата „Визер“ доби субвенции за летови кон Лион, Барселона и Штутгарт.

За овие дестинации веќе се продаваат билети, а летовите почнуваат од 30 јуни.

Претходно компанијата соопшти дека дел од летовите укинува поради  поправки на авионите или високите такси на аеродромите.