Од сите ѕвезди во светот, американската актерка и пејачка Селена Гомез заработува најмногу на Инстаграм. Станува збор неверојатни 425 000 фунти од пост.



Селена Гомез има најмногу следбеници на Инстаграм дури 122 милиони.

Ким Кардашијан од пост добива325 000 фунти, а трет човек на листата е Кристијано Роналдо, кој заработува по 310 000 фунти од објава.
Четвртиот е Кајли Џенер, и петтата, шестата и седмата позиција ја следат нејзините роднини: Кендал Џенер, Kлои и Кортни Kардашијан.


Оправдување за таквите износи, од кои на просечните корисници на социјалните мрежи им се врти во глава, лежи во фактот дека Инстаграм е крајно ефективна маркетиншка алатка.

Инстаграм социјалната мрежа месечно ја посетуваат од 700 милиони луѓе, а на секој бизнисмен му му е јасно каков потенцијал има во скриеното рекламирање на производи кои не се на таа страна.