Стотици прехранбени производи се најдоа во новогодишната кошничка, која Владата ја подготви како поддршка за граѓаните во пресрет на празниците. Мерката стартува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Истата се носи во консултација со бизнис секторот. Листата на производите кои ќе најдоа во новогодишната потрошувачка кошничка, може да ја видите ТУКА.
Над 600 производи од 15 декември ќе имаат намалени цени за најмалку 10 процени, а меѓу нив ќе се најдат дел од основните прехранбени производи како што се лебот, житариците, млекото и млечните производи, месото и преработките, свежи продукти, како и пијалоци, најави премиерот Христијан Мицкоски на пресконференција.

– Дојдовме до компромис заедно со бизнис заедницата дека од 15 декември до 15 јануари, цените на одредени производи, повеќе од 600 тини артикли, ќе бидатсо намалени цени, и истовремено ќе бидат брендирани како и досега со логото „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, за да можат да ги препознаат граѓаните – нагласува премиерот.
Тој истакна дека не станува збор за интервентна мерка, не е ограничување на цените, туку договор со сите засегнати страни, и ќе се проверува само дали се почитува договорот, со кој ќе се намалат цените на 600 прооизводи кои се одрбрани со заеднички консензус, со цел да го помогнеме стандардот на македонските граѓани.
– Целта на оваа влада е да се грижи за стандардот на граѓаните и да се вратиме на победничките патеки. Очекувам акција, ниски цени во очи на празниците, и среќни граѓани, со полни трпези за празниците кои следат – посочи Мицкоски.
Што се однесува пак до министерот за економија Бесар Дурмиши, оваа новогодишна кошница е сосема поинаква од претходните.
– Денеска после цел месец консултации со бизнис заедницата имаме чест да ја најавиме новогодишната кошница направена заедно со бизнис заедницата која ја најавивме за празниците. Ова е сосема поразлично од претходно, и е со цел заштита на граѓаните. Различно е затоа што наместно ние како Влада да носиме одлука за намалување на цените на основните прехранбени производи, оваа иницијатива е поразлична, и таа е покрената и од самите производители и дистрибутери, кои доставија листа на најпродавани производи, кои за празниците ќе се продаваат по цени пониски за десет и повеќе проценит. Ова намалување на цените ќе важи еден месец, во период кога се вклопуваат повеќе празници. Со акциските цени ќе бидат опфатени повеќе производи од типот на леб, житарки, месо, месни преработки, риба, млеко, млечни производи, кондиториски производи, свежи овошје и зеленчук, пијалоци. Тука се опфатени 675 производи, од 65 компании и дистрибутери. Производите кои ќе бидат опфатени, ќе бидат означени со логото „Помалку трошоиц, повеќе за тебе – рече министерот.
Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.





