(Видео): Белград не го памети ова – река народ по улиците, снимени маскирани лица облечени во црно

Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Првично беше закажан голем протест – 15-за-15 –  пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме пристигна одлучиле – протестот сепак ќе биде пред Собранието, но дека бина ќе биде поставена и кај Славија, пренесуваат медиумите. 



Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.

Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани. 

Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации. Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени студенти кои сакаат да ја следат наставата. Паркот е опкружен од трактори. Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот. На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење. 

Студентски групи ги блокираа факултетите во Србија од крајот на ноември, барајќи исполнување на четири барања – објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад каде во ноември откако се урна настрешница загинаа 15 луѓе, отфрлање на обвиненијата против студентите и граѓаните приведени за време на протестите, поднесување кривични пријави против сите напаѓачи на студенти.

Од вчера попладнето до по полноќ, илјадници белграѓани ги пречекаа студентите кои пристигнуваа од целата земја, пешачејќи, трчаа на штафетен маратон, доаѓаа и со велосипеди, кон главниот град, каде денеска ќе учествуваат на големиот протестен митинг.

  • „Белград не го памети ова до сега, но отсега ќе се сеќава на оваа младина која ја сврте Србија и, се надевам, ќе ја смени“, вели една постара белграѓанка, бришејќи ги солзите.

Поворки студенти пристигнаа од западна Србија, Ниш, Нови Сад, Панчево, Вршац, Суботица, Шабац, Лозница, Уќице, Чачак, Крагуевац… во Теразије беа пречекани со црвен тепих и огномет, а беа наградени со медали за истрајност и посветеност.

Првите поворки почнаа да пристигнуваат во петокот околу 19 часот и 30 минути, а граѓаните ги пречекаа во редица од плоштадот Славија по централната улица Крал Милан, Теразије и плоштадот Репшублика.

  • „И тие дојдоа од Ниш“ беше текстот на транспарентот зад кој поворка студенти од Ниш се упати кон центарот на Белград кај фонтаната Теразие, придружувајќи им се на своите колеги од Панчево и Вршац попат. Тие беа пречекани со огномет и факели, а граѓаните ги вклучија батериските светилки на мобилните телефони.

Српското МВР (МВП) ноќта меѓу петокот кон саботата соопшти дека имало неколку инциденти за време на нерегистриран студентски собир во Белград, главно насочени кон учесници на друг студентски митинг во Паркот Пионирски, и дека се приведени две лица.

Две лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир, а оштетени се поголем број трактори во паркот Пионер – дупнати гуми, искинати врати, искршени кабини и стакла, еден трактор превртен, а друг истуркан на улица, се вели во соопштението од МВР.

Нова.рс јавува дека утрово во центарот на Белград има голем број полицајци пред трактори кои го оградуваат паркот Пионер. Граѓаните од утрово пристигнуваат од правец на Нов Белград кон центарот на градот, движејќи се во помали групи.