Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезенатција, а сегашен член на Евертон синоќа бил уапсен од британската полиција поради употребa на моторно возило под дејство на алкохол. Во текот на ноќта полицијата го застанала автомобил со кој Руни се враќал дома во Чешир, и кога констатирала дека тој е алкохолизиран го држела цела вечер во полиската станица.
Утринава Вејн е ослободен, но ќе треба да се појави во суд на 18. септември кога ќе му биде одредена и казната. Ваквите испади на Вејн Руни не се изненадување бидејќи тој низ текот на целата неговата кариера знаеше да биде проблематичен, за што сведочат слични инциденти и од периодот кога го носеше дресот на Јунајтед.




