„Ветераните на УЧК“ од Косово ќе одржат протест за „слобода на ослободителот“ Блерим Рамадани денес и во Урошевац, во Косово

Протест со барање за „ослободување и правда за војникот на УЧК“ Блерим Рамадани ќе се одржи денес, на 25 јули 2024 година со почеток во 18 часот на плоштадот „Адем Јашари“ во Урошевац, во Косово.“ Организаторот на овој протест „Организацијата на ветераните на војната на УЧК на Косово – огранок Урошевац (алб. Феризај)“ соопшти дека ќе одржи „сенационален протест“ под мотото „Слобода за ослободителот“, „заради поддршка на соборецот Блерим Рамадани, кој е уапсен неправедно од државата * Македонија поради воени злосторства – обвиненија, кои се фабрикувани од српската држава“. Ветераните на УЧК на Косово организираа пред една седмица протест и во Скопје, кога побараа итно ослободување на Блерим Рамадани.

На овој 47-годишни косовски државјанин му е одреден екстрадициски притвор од 30 дена, откако беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин „Јажинце“ во тетовскиот регион кон Косово по меѓународна потерница и барање на Интерпол Србија за негово апсење, со образложение дека „извршил воени злосторства извршени за време на војната во 1999 година“ како поранешен припадник на „Оперативната зона на УЧК на Косово“ во Неродимље, кај Урошевац, во Косово.