Идната Европска комисија многу посериозно да го сфати проширувањето отколку што беше до сега, вели Еврокомесарот за проширување Оливер Вархејиспоред кој, геополитичкиот пејсаж во Европа и околу Европа се променија, но позитивна опција е што проширувањето стана еден од главните приоритети не само во Унијата туку и околу неа.



„Се надеваме дека следната Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки насочени кон ова во текот на годината, за време на институционалната транзиција.

Затоа што 21 година имаа свој данок на сите нас, не само во Европа каде што беше популарно да се каже дека има замор од проширувањето, туку и на Западен Балкан.

Имаше свој данок, но сега мислам дека има повик за будење дека ако Европа не го спроведе проширувањето заради себе и заради свој интерес, може да се соочи со ризик да го загуби долгорочниот мир, стабилност и безбедност дури и во Европа, рече Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување“ рече Вархеји

Вархеји, рече и дека Унијата јасно им порача на земјите од Западен Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација, пренесе „Телма“.

„Можеме да ги сакаме колку што сакаме, но земјите кандидатки мора да ги испорачаат. Ние секако ќе им помогнеме во тоа. ЕУ може да испорача проширување само откако ќе се исполнат условите“, речле еврокомесарот кој е на заминување.