Васко Стефанов, екс директор на ЕСМ, со лисици спроведен во Кривичен суд (ВИДЕО)

Тој е еден од 23-цата осомничени за криминал во Електрани на Македонија, во износ од 6,5 милиони евра.



Стефанов беше надвор од земјава кога се спроведуваше акцијата, а вчера беше приведен на граничниот премин Табановце.

Главниот осомничен Васко Ковачевски и натаму не е достапен за органите на прогонот.

Ковачевски е се уште во бегство.

Пред 1 месец тој се откажал од македонското државјанство и земал друго, најверојатно српско државјанство, јавува ТБ21.

 

Премиерот Мицкоски вчера кажа дека се надева на брза екстрадиција на Ковачевски.