Васко Наумовски не смеел да коментира за името, велат некои…

Идеите на медијаторот не се коментирале јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв, велат од Министерството за надворешни работи за МИА во врска со вчерашната изјава на македонскиот преговарач во спорот со Грција за името, Васко Наумовски.



„Учеството во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција бара висок степен на професионалност и одговорност. Градењето мостови и отворањето врати кон европската и евроатлантската иднина на земјата бара трпение и посветеност“, додаваат од МНР пренесува Нова Тв според која „узансите на дипломатијата, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв’.

Нова Тв вчера, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека Наумовски изјавата ја дал пред да ја информира Владата на Република Македонија за предлогот од Нимиц со што се отстапува од досегашната практика ставот околу предлогот да биде изграден откако сите релевантни фактори во државата ќе бидат информирани за содржината.

Согласно Уставот, амбасадорите, како и специјалните преговарачи на РМ ги именува претседателот на државата на предлог на Владата.