Вврокомесарот за проширување и соседски прашања на ЕУ, Оливер Вархеји, вели дека критериумите за членство на с. Македонија во Европската Унија се многу јасни.



„Не очекувам некаква промена во Преговарачката рамка“, вели тој во изјава за бугарската агенција БГНЕС.

На прашањето дали постои некаква можност за промена на условите што Р*М треба да ги исполни, имајќи предвид дека голем број македонски политичари тврдат дека може да има промена во Преговарачката рамка за Скопје, Вархеји за БГНЕС вели:

„Критериумите се многу јасни од 2022 година кога беше усвоена Рамката за преговори. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите-членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат.

Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во С.Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите“, вели еврокомесарот