Со пласманот во групната фаза Вардар ќе заработи 2.600 илјади евра кои ќе бидат додадени на 960 илјади кои беа заработени од досегашните 6 квалификациски меча, 4 во Лигата на шампионите и два во Лига Европа. Сумата од 3 милиони и 56 илјади евра гарантира мирна година, но тоа не е се бидејќи Вардар ќе има минимум три домашни дуели на кои се очекува капацитетот на Филип втори да биде распродаден, а тука се и уште маркетинг правата кои не се во надлежност на УЕФА. Според информациите од клубот за премие за играчите и стручниот штаб ќе бидат издвоени 500 илјади евра.




