Вардар ја прослави 500. победа во ПМФЛ, и тоа против шампионот и лидер Струга!

Фудбалерите на Вардар славеа со 1:0 над бранителот на титулата и лидер Струга, забележувајќи ја јубилејната 500. победа во Првата македонска фудбалска лига.



Дербито на 26. коло го реши српскиот дефанзивец Дејан Ѓуриќ во 73. минута.

Со освоените три бода, најтрофејниот македонски фудбалски клуб побегна од зоната за испаѓање и сега е осми со 29, еден повеќе од дебитантот Воска, која е десетта, а стружани останаа на врвот на табелата со 54, три повеќе од Шкупи.