Македонскиот фудбалски првак се најде во тешката, а не премногу атрактивната група Л во натпреварите од Лига Европа во која покрај нас се и повеќекратниот руски првак Зенит, доминантниот норвешки тим од последните години, Розенборг и екипата на Реал Сосиедад од Шпанија, што само по себе говори за тоа за каков противник станува збор.



Легендата Ерик Абидал имаше чест да ги извлекува имињата на тимотвите, и тој го смести Вардар во последната конкуренција. Натпреварите во Лига Европа започнуваат на 14 септември, а завршуваат на 7 декември, по што двете најдобри од секоја одат во елиминациите.

Според тоа на 14 септември во првото коло Вардар го дочекува Зенит, во второто патува кај Розенборг (28 септември), а во третото одново е игра на гости против Реал Сосиедад (19 октомври). Вториот дел започнува со меч дома со Шпанците (2 ноември), па се патува кај Русија (23 ноември) и на крајот на 7 декември се дочекуваат Норвежаните.