Вардар најде лек за Алкалоид

Ракометарите на Вардар му го нанесоа првиот пораз на Алкалоид во Суперлигата сезонава, совладувајќи го со 29:27 во „Јане Сандански“ и придружувајќи му се на врвот на табелата со својата 11. победа во низа.



Агресивната одбрана, 12. одбрани на Еспиња и седумте гола на Хориха најмногу придонесоа за прекин на серијата од 14 победи на тимот од Автокоманда во домашното првенство и ја зачинија битката за титулата, со оглед на тоа што и првакот Еурофарм Пелистер сега има само два бода помалку на третото место.

Освен во првото полувреме, кога составот на Кирил Лазаров имаше водство и од 11:9, двократниот освојувач на Лигата на шампионите постојано беше во предност, на одморот замина со 15:13, а во вториот дел во пет наврати имаше +3, за што победникот на Купот на Македонија немаше одговор.

Марко Митев беше најефикасен во поразената екипа со 5 погодоци, а голманот Галевски запиша 10 успешни интервенции.