Ракометарите на Европскиот првак немаа потешкотии со Ал Сад и славеа со 37-19 и завршија како трети на Супер Глоуб турнирот на кој, Барселона е победник по славјето со Берлин од 29-25. Црвено црниот состав изгледаше моќно против тимот на Ал Сад победувајќи го со 18 голови разлика што касата на македонскиот тим ја наполни за 150.000 долари, колку што изнесуваше наградата за третото место.
Ал Сад се држеше во првото полувреме кое го доби Вардар со 14-10. Но во вториот дел се случи тотална доминација на „црвено-црните“ што донесе убедлива победа во која најефикасен во тимот на Вардар беше Данил Шишкарев со осум постигнати голови, пет беа дело на Дибиров, а по четири постигнаа Стоилов, Борозан и Војводиќ.
Ова беше последен натпревар пред почетокот на Вардарци во новата сезона од СЕХА лигата каде на 2. септември му гостуваат на Металург во СЦ „Борис Трајковски“.




