Црвено црните девојки имаа извонредни десет минути во последната третина од воведниот меч во групата Ц од Лигата на Европските ракометни шампионки, во кои направија 10-1 и го решија релативно лесно. На полувремето имавме 20-11, а десет разлика стоеја и во последната четвртина кога ЖРК Вардар водеше со 33-23. Во финишот дојде до опуштање во нашите редови или Унгарките покажаа дека не се така наивни и лоши, и со серија од 8-1 успеаја да се изборат за пристоен пораз во Скопје од 34-31.
Најефикасни во Вардар беа Лекиќ и Цвијиќ со по седум голови, по шест постигнаа Лакрабер и Пенезиќ. Во следното коло, на 15. октомври Вардарки му гостуваат на Турингер.





