Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, со критика за огромното албанско знаме поставено меѓу минарињата на џамијата во кумановско Оризаре.
„Љубопитен да дознаам кои кругови го прекршуваат законодавството за знамињата, но особено бараат провокација и ескалација, со поврзување на етничката припадност и религијата толку демонстративно во етнички мешан град управуван од градоначалник етнички Македонец кој е поврзан со ЗНАМ/Македонската влада. Тажно“, коментира на Твитер познавачот на состојбите во Македонија, кој како следен свој проект најавува анализи за „македонската политичка криза без крај“, како што вели самиот на социјалната мрежа.
„Ќе се врати на различни начини, вклучувајќи и зајакнување/проширување на стереотипот дека албанскиот национализам во Македонија оди заедно со исламот, што е навреда за целата етничка албанска заедница во Македонија (без оглед на нивната верска припадност). Национализам и религија = токсична комбинација“, оценува тој.
„Верба дека властите ќе останат мирни, ладни и прибрани и ќе ги преземат неопходните мерки и ќе објаснат дека никој не профитира од запалливи акции насочени кон етнички тензии и евентуално хаос, освен странските фактори надвор од рамките на НАТО/ЕУ чија цел е создавање хаос во Европа“, заклучува Ханс Ван ден Берг.
„Ужасно. Еден конфликт во Босна беше доволен“: Петифер за албанското знаме над џамијата во Оризарe






