Ван ден Берг до ЕК: „Северни Македонци“ не постојат. Не е ни чудо што кредибилитетот на ЕУ во Македонија е толку низок

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, го критикува измислувањето „Северни Македонци“ во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.



„Голема грешка: ‘Северни Македонци’ (види го делот за виза) не постојат. Само Македонци/граѓани на Република Северна Македонија. Неверојатната ЕУ не ги знае своите македонски (северномакедонски исто така не е точна придавка) основи. Не е ни чудо што кредибилитетот на ЕУ во Македонија е толку низок“, коментира тој на Твитер.