УЕФА реши финалето од Лигата на шампионите во 2019. година да се игра на стадионот Ванда Метрополитано кој беше реновиран со 240 милиони евра, а минатиот викенд беше пуштен за користење со мечот Атлетико-Малага. Со тоа Мадрид по петти пат ќе ги дочека финалистите на најквалитетното фудбалско клупско натпреварување, со тоа што во претходните случаи тоа беше Сантијаго Бернабе. Финалето во Лига Европа за следната сезона е во Баку. Потсетуваме дека оваа година кулминацијата на кампањата се случува во Киев (ЛШ) односно Лион (ЛЕ), а Супер купот е во Талин.