Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис тврди дека тој не го поканил македонскиот премиер Зоран Заев на прослава на Нова година, туку тој самиот се поканил?!
„Кога го посетив Скопје во ноември се сретнав со него и тој ми рече дека сака да ја помине Нова година во Солун. Јас му реков да дојде, времето е добро и ќе има убав престој. Како можев да претпоставам дека тој тоа ќе го разбере како официјална покана? Сега разбрав дека 15-сетина пријатели на неговите пријатели резервирале соби во хотелот ‘Македонија палас’. Јас немам врска со тоа. Ако ми се јави, ќе одам да се видам со него. Ако не ми се јави, тогаш тој ќе ја помине ноговодишната ноќ со неговите пријатели“, изјави Бутарис за грчкиот весник „То Вима“.
Од Владата, пак, остануваат на потврдата дека премиерот ќе ја помине новогодишната ноќ во Грција, каде што ќе биде во приватна посета и притоа ќе има заедничка вечера со Бутарис.





