Прван Симеонов, политолог и извршен директор на „Галуп интернешнел Балкан“ од Софија, за весникот „Стандарт“ објаснува дека успешноста на бугарското претседавање со Европска унија ќе ја цени, меѓу другото, и преку Македонија.
„Постојат предуслови за успешно претседателство. Прашањето е како го поставуваме критериумот за успех. За мене успех би било да нема грешки. Да направиме реклама за земјата и да постигнеме нешто во односите со Македонија, на пример“, вели тој.
На прашањето зошто односите со Македонија се поважни од тие со други земји, Симеонов со одговор: „Односите со Македонија се поважни, бидејќи, и покрај сè, имаме заедничка историја. Македонија е еден од лавовите на нашиот грб. Трите лава генерално ги означуваат Мизија, Тракија и Македонија“.






