Home Македонија Бугарски научник со формула за приближување со Македонија

Бугарски научник со формула за приближување со Македонија

Бугарскиот историчар Стефан Дечев кој предава на неколку бугарски и странски универзитети смета дека договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е нова етапа во односите меѓу двете држави кои што не можат да се развиваат ако играта ја водат историчарите кои што сакаат иднината да ја мапираат според скиците од минатото во кое живееле и созревале како научници и луѓе.



„Историјата треба да биде оставена на историчарите кои што имаат соодветна стручност и кои што ги разбираат целосно современите хумани и социјални науки. Тие можат да дадат еден објективен и дистанциран поглед кој што треба да ги смири сегашните национални прикази на националната историја“, вели Дечев за бугарските медиуми.

Напредокот во односите меѓу двете земји ќе започне тогаш кога во експертската комисија ќе преовладуваат млади Бугари и Македонци кои што не поврзани со минатото, патувале повеќе по светот, ги познаваат странските историографии и учеле на странски универзитети, смета бугарскиот историчар.

Според Дечев формулата „еден народ-две држави“ не може и нема да биде прифатена од најголемиот број на луѓе во Македонија затоа што зад сите бугарски позиции македонското општество гледа некакви задни намери од страна на Бугарија.