„Бугарски воз“ пристигнал на перонот во општина Карпош во Скопје

Претставници на една политичка партија денеска обвинуваат дека  во општината Карпош се случил обид за гласање по принципот на ткн „Бугарски воз“.



Според овој метод на незаконско гласање кој што за прв пат е употребен во Бугарија од кочанот на ливчињата за гласање се вади едно ливче кое што не се уфрлува во гласачките кутии туку заокружено се носи на лице надвор од гласачкото место кое што најчесто дава пари за него по што истото му се дава на друг гласач кој што го уфрла во кутиите а неговото ливче го вади надвор од гласачкото место.

Според партијата која обвинува за ваква појава ваков случај е забележан од нивни претставници во гласачкото место  2645.

За инцидентот информирана е Државна Изборна Комисија а во гласачкото место полицијата врши увид на кочанот од листите за гласање.