Бугарското Народно собрание усвои декларација за неучество на бугарските вооружени сили во воени операции на територијата на Украина, јави НОва.бг.
„За“ документот предложен од владејачката партија гласаа 166 пратеници, 27 беа „против“, а 11 воздржани.
Во Декларацијата се повикува на постигнување траен и праведен мир во Украина и преговарачки процес кој ги вклучува сите земји директно засегнати и заинтересирани за воспоставување и одржување на безбедноста и стабилноста во Европа, вклучително и Бугарија.
Парламентот, исто така, го повикува Советот на министри да ја продолжи политиката на Република Бугарија за мирно решавање на меѓународните конфликти преку дипломатски средства и да промовира иницијативи насочени кон деескалација на конфликтите и изнаоѓање одржливи мирни решенија.





