Проруската националистичка бугарска партија Взраждане (Преродба) потпишала договор за соработка со владејачката партија на Руската Федерација „Единствена Русија“.
Ова е чудно со оглед на тоа што Русија официјално ја прогласи Бугарија за „непријателска држава“ по воведувањето на антируските санкции од страна на Европската Унија, дознава Еурактив.
„Договорот предвидува размена на искуства, идеи и политичка пракса меѓу двете партии и претставува важен позитивен чекор кон обновата на целосните бугарско-руски односи“, наведува партијата Вазраждане.
Според достапните информации, Вазраждане е третата најголема партија во бугарскиот парламент по изборите во октомври 2024, има 33 пратеници од вкупно 240. Партијата отворено се противи на членството на Бугарија во Европската Унија и НАТО и се залага за неутралност во конфликтот во Украина.





