Падна целата пропаганда дека Македонија не сака да гради пруга кон Бугарија, заклучува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по одлуката на бугарската влада дека пругата по коридорот 8 не е дел од приоритетите на источниот сосед
,,Со жалење ја примив информацијата дека Бугарија се откажа од реконструкција на пругата кон Македонија, паѓа во вода целата пропаганда на соседната земја кон мене и кон премиерот Мицкоски”, изјави Николовски по веста од Софија.
Николовски како министер за транспорт ја пријавил Бугарија кај европските институции и банки откако тамошната Влада одлучи да ги пренамени парите за железничкото поврзување со Македонија.
Тој испратил писмо до европската делегација, но и до Европската инвестициска банка и до ЕБОР со кој е склучен договор за кредит од над 300 милион евра за поврзување со источниот сосед.
Изјавата на Николовски на линкот
https://www.facebook.com/share/v/18sUicqnqY/?mibextid=oFDknk






