Се очекува денеска кандидатката за техничка премиерка на Бугарија, Горица Грнчарова-Кожарева да ги објави имињата на избраните министри во техничката влада..
Претседателот на Бугарија Румен Радев пред десет дена побараа до денеска, таа да предложи состав на влада ,со цел новите предвремени парламентарни избори да се одржат на 20 октомври.
Во петокот, пред крајот на седницата на Народното собрание, претседателот на Собранието Јордан Цонев најави дека следното редовно заседание ќе биде на 4 септември, но додаде дека можеби ќе има вонредна седница на 20 август за заклетвата на новиот кабинет, доколку претседателот издаде указ за тоа, пренесе МИА.






