Ова го изјави вршителот на должност бугарски премиер Димитар Главчев кој вели дека Владата ја исполни својата основна задача – да организира фер избори, а на партиите е да формираат редовна влада.
„На луѓето им е доста од оваа изборна прогресија, таа се граничи со изборна агресија“, рече Главчев пренесуваат бугарски медиуми
Тој на пратениците им посака побрзо да почнат со работа и да формираат редовна влада за да се стабилизира државата и да се обезбеди подобар живот на бугарските граѓани.





