Бугарите – Европејци од „втор ред“

Со сите сили Бугарија се труди да го промени својот имиџ на постсоциалистичка сиромашни колиба, подјадена од корупција. Очекувањата кон земјата се особено високи, се вели во извештајот на Дойчландфунк.



„Бугарите се сметаат за многу гостопримливи луѓе (…) Бугарија е отворена кон светот, а Германија има посебна почит. Земјата забележа голем пораст во туризмот, а минатата години во Бугарија пристигнале 850.000 германски туристи“, пишува Дојче веле“.

Претседателот на Германско-бугарската стопанска комора, Митко Василев се обидува да ги убеди компаниите да инвестираат во Бугарија или да креираат свои филијали во земјата. Ниските даноци се аргумент во корист на Бугарија. Но, што е со корупцијата?

„Да, точно е дека таа пречи, па и на германските инвеститори, но тие сепак не ја споменуваат на прво место“, вели Василев.

Инвеститорите очигледно сметаат некои други проблеми за принципиелно поважни – пример состојбата на инфраструктурата, бирократијата или недостатокот на квалификувана работна сила.

Но, едно истражување направено по налог на Зелените, повторно стави прст во раната и обрнува внимание на присуството на поблиски врски помеѓу владата, олигарсите, банките и медиумските концерни.

„Ние доделуваме многу пари на земјите-членки и е редно да се интересираме каде одат овие пари“, вели европратенички од партијата на Зелените Ска Келер. Таа е незадоволна од фактот дека малку се зборува за оваа тема. Во исто време таа не се согласува прашањето за влезот на Бугарија во Шенген да се поврзува со темата за корупцијата.

И Бугарија и Романија ги исполнуваат таканаречените технички критериуми за приклучување кон Шенген зоната. Сепак некои политичари гледаат козистентност меѓу двете теми – пример европратеникот од ХДЗ Даниел Каспар:

“Би требало да може да се убеди Бугарија да не издава шенген визи на луѓе кои само платиле за нив. Затоа корупцијата е клучен збор во овој случај. И токму поради тоа можеме да ја користиме темата ‘Шенген“,  за да ја мотивираме бугарската влада да се бори против корупцијата“, вели Каспар како што пренесува Дојче веле.

Владата во Софија се фали дека ја чува надворешната граница на ЕУ и придонесува за безбедноста на Шенген, но Даниел Стефанов од софискиот канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи вели дека ако не се промени ништо во однос на корупцијата и владеење на правото, Бугарија нема да има шанса за влез во Шенген.

Иако членството во “Шенген” има повеќе симболична вредност, невлегувањето во Шенген-зоната го влошува имиџот на земјата.

„Тоа е знак за инвеститорите и за другите влади дека Бугарија сеуште има сериозен проблем“, заклучува Стефанов.