Велика Британија одлучи да истера повеќе од 20 руски дипломати во случајот со труење на поранешниот руски шпион.
23 дипломати ќе бидат протерани бидејќи Москва одби да објасни како нервниот гас направен во Русија бил употребен во труењето на екс-разузнувачот Скрипал во Обединетото Кралство.
Премиерката Тереза Меј рече дека руските дипломати, кои имаат една недела да ја напуштат земјата, се идентификувани како „непријавени разузнавачки службеници“, објави Би-би-си. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија не прифаќа „неосновани“ обвинувања и ултиматуми од Лондон во врска со труењето на поранешниот шпион.
На полноќ, истече крајниот рок што Меј и го даде на Русија да објасни како нервниот стигнал во Британија.
Премиерката соопшти дека е откажана посетата на рускиот министер за надворешни работи, како и дека ги прекина сите контакти со Русија на високо ниво.
Истовремено соопшти дека и кралското семејство и министрите нема да присуствуваат на Светското првенство во фудбал летово.





