Брзакоска: Да ја спречиме епидемијата на поданички менталитет кај богатите медиокритетски ,,елити”

Во текст со наслов ,,Илузии на власт и одговорност” правничката Клементина Брзакоска прави анализа и бара јавноста да ја спречи епидемијата на поданички менталитет кај богатите медиокритетски самонаречени ,,елити”.



,,Во последните години во Македонија, подданичкиот менталитет се шири како епидемија во нашето општество, особено во редовите на самонаречните прогресивни елити. Овие елити, самонаречени поради своето наследено богатство и статус, се убедени дека се предодредени за високи позиции и влијателни улоги, иако се често конфронтирани со недостаток на интелектуален капацитет, интегритет и морал”, анализира Брзакоска.

Таа забележува дека оваа група замислена дека е елита е израсната во урбаните средини и одгледана во изобилие.

,,Овие елити заблудени од својата самодоверба губат контакт со реалноста, замислувајќи дека се носители на привилегии заслужени поради своите предци. За жал, овој надмен пристап ги води кон патот на самодекларирана привилегираност и ароганција, што ги исклучува од своите корени и одговорности кон општеството.
Сепак, ваквото воздигнување во високите позиции не е трајно. Со текот на времето, овие елити стануваат заробеници во сопствените имагинарни меури, одвоени од реалноста и воодушевени од илузиите за моќ и власт. Овие самопрогласени елити, заложници на својата сопствена ароганција, ги забораваат своите корени и се загубени длабоко во мракот на себичните интереси.
Затоа, најголемата услуга која што можеме да ја направиме, не само за нас, туку и за следните генерации, е да останеме будни, да ги разобличиме, откриеме и делуваме спротивно на илузиите на подданичкиот менталитет. Да ги научиме нашите деца да ги ценат вредностите на интегритетот, почитта и одговорноста кон својата татковина”, пишува правничката која смета дека во Македонија, нашата иднина е во нашите раце.

,,Само со морални и принципиелни лидери, спремни да работат за општото добро, можеме да ја трансформираме нашата Македонија во подобро место за живеење. Но, за да ја промениме Македонија, прво мора да се промениме себеси. Да ги спознаеме своите вредности и одговорности и да ги поставиме во прв план, заедно градејќи подобра иднина за сите нас и секако на тој пат да не ги заборавиме нашите корени и нашата одговорност кон општеството и државата”, заклучува Брзакоска.