Ракометарите Никола (33) и Лука (29) Карабатиќ уживаат во татковството во нивните француски домови. На почетокот на ноември Лука и манекенката Џени Приез (32) ја добија ќерка Дева.
„Таа е вистинска таткина девојка, секој момент со неа е непроценлив“, рече Лукa.
Совет за бебето му дава неговиот постар брат Никола, кој со поранешната гимнастичарка Џералдин Пиле го има синот Алек (1).

„Горди сме како татковци, за нас семејство е свето“ изјавија браќата Карабатиќ кои имаат балкански корени.




