„Тие се уште не прават ништо за да го финализираат разводот и сите мислат дека тој и нема да се случи“, тврди изворот на американското списание US Weekly. Бред Пит и Анџелина Џоли најавија разделба уште во септември 2016. година. Причините беа повеќе, а во последниот период најмногу се зборуваше за неверството на Пит и за честите расправии што тој ги имал со децата, а особено со најголемото, 15 годишниот Медокс.
Причината за оддолжувањето, според блиските е што Џоли уште била вљубена во Пит. На крајот на јули, таа откри дека и се зголемил крвниот притисок и развила парализа на фацијалниот нерв по разделбата. Во исто време и Пит отворено раскажа за магазинот GQ дека во моментов не се чувствува добро и дека во последните неколку месеци се бори со пороци.
Бред Пит и Анџелина Џоли се заедно од 2005. година по завршувањето на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, во кој ги играа главните улоги. Нивните љубовни односи стануваат факт неколку месеци по разводот на актерот со неговата поранешна сопруга актерката Џенифер Анистон. Пит и Џоли имаа речиси 10 годишна врска, пред да стапат во брак на Азурниот брег во Франција во 2015. година. Во меѓувреме семејството се прошири со 6 деца, од кои 3 се посвоени. Сите носат презиме Пит-Џоли, а Џоли побара старателство над шесте деца.





