Екипите на Бразил и Франција по втор пат ќе се сретнат во финалето во Светската лига, а во првиот судир во 2006. година во Москва “Селесао” победи во драматичното финалето со 3: 2. Сега Бразил е домаќин на финалето во Куритиба, но Франција сезонава има само еден пораз во лигата. Досега Бразил и Франција се сретнале 24 пати во Светската лига, а “Кариоките” водат во таа серија со 18-5 во победи.



Бразил кој ќе го игра своето 5. финале во Светската лига во последните 7 години се стреми кон рекордната 10. титула. Франција, која триумфираше во 2015 година, пак, ќе игра во своето трето финале. Во 2016. година Бразил дојде до сребро, а Франција ја  освои бронзата на највредниот  одбојкарски турнир во светот.


Во 2016. година Бразил ја победи Франција со 3: 1 во полуфиналето, а Галските петли  последен пат го победија Бразил и тоа со 3: 1 во финалето на Светската лига во 2015. година, кога стигнаа и до титулата. Финалната средба од оваа сезона во Светската лига ќе се одигра утре наутро од 5 часот на фудбалскиот стадион во Куритиба.