Убавата и добро одржувана брада дефинитивно го привлекува женското внимание. Нагласуваме одржувана бидејќи секој маж со долга и запустена брада може лесно да заличи на бездомник. Ако се одржува, но е во комбинација со чуден аутфит, веднаш ќе бидеш прогласен за хипстер, а ако со неа носиш карирани кошули со завиткани ракави ќе речат дека си дрвосечач. Но ставот на околината и не мора да ве интересира колку што е поважно дали брадата соодветствува на надворешната температура. Зошто брада в зима и брада в лето не е исто особено во делот на одржувањето. Ако сепак, сте решени да ја задржите или допрва да влезете во редот на брадатите господа мора да знаете неколку важни работи и да им посветите внимание.

Хигиена
Таа е задолжителна. Тоа значи дека ако не секој, тогаш барем на неколку дена, ќе треба темелно да ја миете брадата со шампон (или пак со специјален сапун), а веднаш потоа да користите додатоци.
Масла и балсами
Темелното миење и сушење се вовед во низа други активности кои зависат и од кожата на индивидуалецот и не се исти за сите што носат брада. Во основа мора да се користат четки и балсами и масла, и тоа со цел влакното на брадата да биде чисто, помеко, здраво, а и да се спречат какви било инфекции кои предизвикуваат чешање на кожата под брадата, нешто што според специјалисти редовно се случува и се нарекува дерматитис.






