Ова е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Во областа на воспитанието и образованието, наградата е доделена на проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетски професор, а во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на писателот Милован Стефановски, сликарот Масин и на актерот Рефет Абази.
Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „Св. Климент Охридски“. Годишната државна награда е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија. Плусинфо





