Бугарскиот премиер денеска во Лондон предложи нуклеарната централа „Белене“ да се изгради како заеднички балкански проект и со европско финансирање.
На Инвестицискиот форум за Западен Балкан организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во Лондон учествуваат лидерите од сите земји од регионот.
Според него, сите земји на Балканот можат да се придружат и да бараат финансирање од Европската унија и додаде дека треба да се размислува за еден заеднички балкански проект за електрична енергија.
„ Денес ми дојде идеја дека тоа би било одлично решение за нуклеарната централа Белене“, изјавил бугарскиот премиер.
Во прилог на ова тој додаде дека во „Белеме“ веќе има „два нови и нуклеарни реактори со моќ од 2.200 мегавати, платени се но стојат во картонски кутии“.




